Прв состанок на Работната група за креирање на рамка за процесот на ветинг во МВР

Од:

Денеска се одржа првиот состанок на Работната група формирана од министерот за внатрешни работи по заклучок на Владата на Република Северна Македонија, која има задача да спроведе анализа на тековната состојба, да утврди конкретен модел за спроведување на процесот на проверка (ветинг) на вработените во Министерството за внатрешни работи, односно да изготви предлог – план на мерки, активности и динамика за спроведување на ветингот.

Состанокот го отвори и на него присуствуваше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Со состанокот модерираше државниот секретар на Министерството за внатрешни работи м-р Магдалена Несторовска.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, ги појасни причините од кои произлезе потребата за овој процес, очекувањата ветингот да биде инклузивен, транспарентен и објективен, како и роковите за извршување на поставената задача од страна на Работната група.

Со цел да се обезбеди транспарентност и максимална инклузивност на сите субјекти кои можат да дадат придонес во дефинирање на процесот, Работната група ги вклучува вработените во МВР, Македонскиот полициски синдикат, претставниците на меѓународни организации (Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Амбасада на САД во Скопје), невладиниот сектор и академската јавност. Работата на групата ја предводи и со неа претседава професорот д-р Никола Дујовски, декан на Факултетот за безбедност – Скопје.

На состанокот се утврдија насоките за понатамошните активности, со цел воспоставување на соодветна рамка за текот на процесот ветинг на вработените во Министерството за внатрешни работи, која ќе ги опфати сите потребни елементи и принципи за ефикасно спроведување на процесот.

Би можело да ве интересира

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он