Прв државен натпревар за FIRST LEGO лига

Од:

На Факултетот за информатика при Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип денеска ќе се одржи првиот државен натпревар за FIRST LEGO лига за деца од девет до 16 години.

Натпреварите од оваа лига се организираат во цел свет, а оваа година учествуваат околу 40.000 тимови од 98 земји.

Факултетот за информатика лиценцата за натпреварот ја доби од својот партнер Завод Супер Главче од Словенија, кој е одговорен за овој регион, а победниците ќе учествуваат на регионалниот натпревар во Словенија.

–FIRST LEGO лигата е меѓународна мултидисциплинарна истражувачка програма што ги инспирира младите луѓе да истражуваат во науката и да решаваат реални проблеми. Оваа година темата на проектот е „Во Орбитата“ и тимовите треба да идентификуваат физички или социјален проблем, со кој луѓето се соочуваат за време на нивното долгорочно истражување на вселената во нашиот Сончев систем и да предложат решение. Дополнително, тимовите мора да дизајнираат, изградат и испрограмираат робот со користење на LEGO MINDSTORMS технологијата, а потоа се натпреваруваат со другите тимови во исполнување на мисии, професорката на Факултетот за информатика, Александра Милева.

Таа забележува дека оваа лига ги унапредува и развива креативноста, љубопитноста, претприемничкото учење, критичкото размислување и тимската работа.

Факултетот за информатика при УГД лиценцата за натпреварот ја доби од својот партнер Супер Главче од Словенија, што е одговорен за овој регион.

Победниците ќе учествуваат на регионалниот натпревар во Словенија.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Гоце Делчев е дел од македонскиот идентитет

Катерина Ѓуровски

153 години од раѓањето на Гоце Делчев

Катерина Ѓуровски

Георгиев: Годинава нема да има заедничко чествување на Гоце Делчев

Откриена биста на Гоце Делчев во Пустец

Доделена државната награда „Гоце Делчев“ за значајни остварувања во областа на науката

Доделување на државната награда „Гоце Делчев“