„Прв до врв“ на Водно

Од:

Јавното сообраќајно претпријатие-Скопје, денеска, ќе се одржи спортско-рекративниот настан „Прв до врв“.

Целта на настанот на кој масовно ќе се упатот кон врвот на Водно илјадници планинари и велоспедисти е да се одбележи третиот роденден на жичарницата „Милениумски крст“.

Планот е оваа манифестација да прерасне во традиционална и да се случува на првиот викенд во јуни.

Најмасовен дел на Прв до врв е трката во планинско трчање, во која спортисти и рекреативци ќе тргнат кон целта по своето најдобро време во искачувањето на Водно, од основното училиште Кочо Рацин па се до врвот на Водно.

Велосипедистите ќе се натпреваруваат стартувајќи од Музејот на град Скопје па се до целта на врвот на Водно.

Во забавниот дел од настанот е предвидено да се одржи церемонијата на доделување награди за најдобрите, по што ќе следува музичка програма со настапи во живо на DJ-и и настап на музичката група South park.

Можат да учествуваат сите старосни групи од 7-77 години, во машка и во женска конкуренција. Сите натпреварувачи можат да се пријават и да го подигнат натпреварувачкиот пакет со својот број и маичка на специјално поставениот двокатен автобус на ЈСП СКОПЈЕ на плоштад до сабота од 9- 20 часот.

Организатор на „Прв до врв“ е ЈСП СКОПЈЕ и Град Скопје, во соработка со Жичницата Милениумски Крст, Атлетската и Велосипедската федерација на Македонија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снег на Водно, во неколку града и во скијачките центри

Катерина Ѓуровски

Ангелов: Пожари на две места на Водно и искршено стакло на продавница

Томески: Изгаснат е пожарот во планинарскиот дом на Водно

Пожар во планинарскиот дом на Водно

Горан Наумовски

Момче и девојче повредени во сообраќајка на Водно

Горан Наумовски

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно