„Прв до врв“ – манифестација за Водно и жичницата

Од:

Со манифестацијата „Прв до врв“ денеска Скопјани ќе го одбележат вториот роденден на Жичницата на Водно.

Качувањето на Водно ќе почне во 9 часот пред ОУ „Кочо Рацин“ а велосипедската трка на „Солидарност “ во чест на 50 години од скопскиот земјотрес ќе стартува во 10 часот. Вечерта од 22 часот ќе се одржи голема ноќна забава со диџеи од македонската сцена.

Натпреварувачите ќе добијат сертификат за учество, а најдобрите ќе бидат наградени со пехари и парични награди. Имињата на најбрзите учесници во трките ќе бидат испишани на трајна табла која ќе биде поставена на врвот на Водно.

На доделувањето на наградите на Средно Водно ќе присуствува градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

Манифестацијата ја организираат Градот Скопје и Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП).

Би можело да ве интересира

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

Жичницата на Водно не работи поради засилен ветер

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка