На териториите на Гевгелија, Богданци, Дојран, Валандово и на уште шест општини од Југоисточниот плански регион, утре од 5 до 8 часот ќе се изврши заедничко авионско прскање против комарци, најави денеска гевгелискиот градоначалник Иван Франгов кој е воедно и претседател на Советот на ЈИПР.
Во општина Гевгелија ова ќе биде второ прскање против комарци, откако претходно на почетокот од јуни тереистички беа третирани мочуришните предели кои беа легла на ларви, информира Франгов со напомена дека во последната декада од август во општина Гевгелија ќе се изврши уште едно авионско прскање против комарци.
Надлежните општински служби упатија апел до соптвениците на пчели да ги преземат сите неопходни мерки за заштита на пчелните семејства неколку часа пред и по извршеното авионско прскање против комарците.