Прскање против комарци во Македонска Каменица

Од:

Во Општина Македонска Каменица вечер од 22:00 до 2:00 часот по полноќ ќе биде спроведено првото терестрично прскање против комарци оваа сезона.

Според Добри Јаневски од Општината, опфатени ќе бидат околу 250 хектари.

– За разлика од претходната година, овојпат со прскањето ќе ги опфатиме повеќе селата, Тодоровци Луковица, Косевица, Моштица, Саса и Сатар Каменица, а во градот ќе се прска покрај течението на реката, во паркот, по главните улици.Апелираме за помала раздвиженост на населението во периоддот на прскање и затворање на пчелните семејства 12 часа по прскањето, истакна Јаневски и додаде дека дезинсекцијата ќе ја врши ДТУ „Токси-вет“ ДООЕЛ Скопје.

Во Општина Македонска Каменица е предвидено да бидат спроведени уште две терестрични прскања и три авионски.

– Првото авионско прскање ќе се реализира во средината на јули. Во моментов сме во разгвори со соседните две општини Виница и Кочани кои исто така ќе спроведуваат авионско прскање, па тоа да го направиме заедно. Авионското рпскање против комарци ќе биде насочено претежно над градот, рече Јаневски.

Би можело да ве интересира

По кавга со сопругот, 23 годишна жена ја нападна свекрвата и со нож гаѓаше кон свекорот

А1он

Апасиев: Неспособни тендераши не убедуваат дека комарците се размножувале во вазните за цвеќиња на гробишта

А1он

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

Митески: Нема утврдени жаришта на комарци во Аеродром

Клековски предупредува: Внимание од убоди од комарци, вонредна контрола на живината

Во вторник ќе се прска против комарци во Скопје