Пршута, цигари, обувки и забни импланти запленила царината

Од:

Сувомесни производи, пршута, забни импланти, детски обувки, цигари се дел од стоката што минатата недела, поради царински прекршоци, била запленета на граничните премини.

Како што информираат од Царинска управа, на граничниот премин Блаце, биле запленети 75 килограми сувомесни и млечни производи, односно пршута, суџук, сушени телешки ребра, кајмак со пиперки и кравјо сирење. Стоката била пронајдена во автомобил со српски регистарски ознаки. Возачот изјавил дека производите имал намера да ги носи во Турција.

На истиот премин, во автобус со црногорски ознаки, биле откриени уште 50 килограми пршута. Возачот на цириниците им пријавил само пет килограми, но при преглед на автобусот, под креветот во делот наменет за одмор на возачите, цариницте нашле шест парчиња пршута.

На граничниот премин Деве Баир, цариниците спречиле шверц на околу 2.500 забни импланти и стоматолошки алатки. Тие биле најдени во багажот на државјанка на Литванија, која патувала во возило со бугарски регистарски ознаки. Вредноста на стоката биа проценета на околу 2,8 милиони денари.

Би можело да ве интересира

Разговорите Кина-ЕУ за царината на електрични возила завршија со несогласувања

A1on

Спречен шверц на копачки, парфеми и облека

Спречен шверц на брендирани производи, цигари и девизи

ВМРО-ДПМНЕ: Парите што се краделе од СДС и ДУИ сега завршуваат во буџетот

Царинска управа: Спречен влез на 1,7 тони лекови штетни по здравјето на граѓаните

А1он

Богоев: Денот на Царината го одбележуваме со високи резултати во приходите, сузбивањето на криминалот и реформските процеси за забрзана интеграција во ЕУ