Провладините медиуми „предвидуваат“ украинско сценарио в недела

Од:

Подготовки за хаос на опозицијата по скопските улици или обид на власта преку медиумите блиски до неа да ги демотивира и исплаши граѓаните кои планираат да бидат дел од големиот протестен собир закажан за недела, 17 мај.

Дел од порталите и од провладините медиуми веќе на големо и во зачестени интервали пишуваат и емитуваат прилози во кои повикувајќи се на „свои“ или извори од наводно незадоволни членови на опозициските партии, дека СДСМ се подготвува безмалку за урбана војна в недела.

Како дел од подготовките на опозицијата овие јавни гласила споменуваат:

  • Мобилизираат криминалци и поранешни затвореници кои зад себе имаат дебело полициски досие;
  • Се подготвува ладно оружје и камења за дел од демонстрантите кои во еден момент треба да се одделат од групата и да ја нападнат полицијата;
  • Дел биле задолжени за кршење излози на продавници и за напаѓање државни институции и нивно насилно преземање;
  • Можност дел од демонстрантите да добијат и огнено оружје кое би се користело доколку протестот нема интензитет;
  • Индицираат дека СДСМ и Зоран Заев биле дел од сценариото на терористичката група во Куманово, па се очекува поддршка од милитантни албански групи;
  • Набавени се од 1.000 до 2.000 маски за глава (фантомки);
  • Насилства во Чаир, Ѓорче Петров, Гази Баба, како и во трговските центри во главниот град на државата;
  • Се планира демонстрантите насилно да влезат во Владата;
  • Закани до некои медиумите и демолирање на нивните простории;
  • Ангажирање луѓе од странство со големо искуство за правење насилни протести;
  • Украинско сценарио.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

Пуштен сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Прилеп-Крушево, кај село Врбјани

Протест кај село Врбјани, блокиран сообраќајот во двата правца на патот Прилеп-Крушево

Катерина Ѓуровски

Турската полиција денеска уапси најмалку 250 граѓани кои протестираа во Истанбул

Протести и контрапротести во Њујорк

„Да се пресече синџирот на криминалот и да се истера правдата“ – порачаа родителите на загинатите во „Пулс“ на протестниот марш во Кочани

Протест во Кочани, родителите обвинуваат – „Полицијата не интервенираше навремено“

А1он