Проверка на процедурите на АРМ за итна медицинска евакуација

Од:

Во касарната „Илинден“ денеска е извршена проверка на Стандардно оперативните процедури (СОП) на АРМ за поддршка на НАТО силите на Косово (КФОР) во случај на итна медицинска евакуација.

Во проверката учествуваа единици на АРМ, претставници од КФОР и персонал од клиничката болница „Систина“, а како набљудувачи и претставници на НАТО советодавниот тим и претставник од командата на КФОР, воздухопловното воено аташе на САД, Директорот на службата за здравство од амбасадата на САД во Република Македонија, соопшти Министерството за одбрана.

Активноста е во рамки на потпишаниот договор меѓу Владата на Република Македонија и НАТО силите на Косово (КФОР) и по изработката на СОП од страна на АРМ.

Со изработените СОП се регулираат обврските и должностите на командите и единиците на АРМ во случај на итна медицинска евакуација на персонал на КФОР. Овие процедури беа практично проверени, а активноста овозможи нивно прецизирање и ажурирање, се наведува во соопштението од МО.

Би можело да ве интересира

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски