Протоколот за ратификација на членството на Северна Македонија во НАТО пред француската Влада

Од:

Француската Влада на денешниот министерски совет го разгледа Предлог-законот за одобрување на ратификацијата на Протоколот од Северноатлантската спогодба за пристапување на Република Северна Македонија, претставен од министерот за Европа и надворешни работи, јавува дописникот на МИА од Париз.

–Влегувањето во сила на протоколот кон Северно-атлантскиот договор за пристапување на Северна Македонија ќе ѝ овозможи на оваа земја да стане 30-та членка на Атлантската алијанса, кога 29-те земји-членки на НАТО ќе известат дека го ратификувале протоколот“, се вели во соопштението на француската влада.

–Пристапувањето на Северна Македонија во НАТО ќе ја зајакне безбедноста на регионот и на алијансата како целина, се вели понатаму.

Притоа од француската Влада се нагласува дека „Франција ќе остане особено внимателна во однос на клучните принципи на процесот на проширување на НАТО, кои се проценка на сопствените заслуги на земјите кандидати и нивниот придонес во безбедноста на евроатлантската област.“

По претставувањето на предлог-законот на министерскиот совет, истиот влегува во парламентарна постапка каде ќе треба да биде изгласан од Националното собрание и Сенатот.

Би можело да ве интересира

Кривични пријави за вработен во „Галичица“ и превозник од Битола поради незаконски транспорт на дрва

Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

Берово утрово најстуден град во земјава, измерени минус 1 степен