Протоколите за пристапување на Финска и на Шведска во НАТО на дневен ред на седница на Собранието

Од:

Собранието на Република Северна Македонија, денеска ќе ја одржи 82. седница, на чиј дневен ред, меѓу другите, се точките за ратификација на протоколите за пристапување на Република Финска и на Кралството Шведска во НАТО.

На оваа седница, пратениците ќе се изјаснат за Предлогот на закон за ратификација на Протоколот кон Северноатлантскиот договор во врска со пристапувањето на Република Финска и за Предлогот на закон за ратификација на Протоколот кон Северноатлантскиот договор во врска со пристапувањето на Кралството Шведска, што Владата ги достави во Собранието.

На 82. седница на Собранието се поканети претставници на дипломатскиот кор во земјава, членовите на Владата и претседателот на Република Северна Македонија.

По НАТО-самитот во Мадрид, што се одржа кон крајот на минатион месец, на 5 јули 2022 година овластени претставници на 30 држави-членки на НАТО во Брисел ги потпишаа протоколите кон Северноатлантскиот договор во врска со пристапувањето на Кралството Шведска и на Република Финска.

Собранието на Република Северна Македонија, која официјално стана членка на НАТО на 27 март 2022 година, првпат ратификува протоколи на нови земји аспиранти за членство во Алијансата.

Би можело да ве интересира

Москва е загрижена од плановите на НАТО

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Литванија: НАТО итно подигна борбени авиони поради непознат објект

Американски генерал: Путин игра опасна игра, но НАТО е многу помоќен од Русија

А1он