• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Противпожарно возило за општина Чешиново Облешево

by А1он08/05/2017 - 13:00571
Share0

Во кругот на Кочанската територијална противпожарна единица денеска беше извршено примопредавањето на товарно противпожарно возило марка „Там“ на општина Чешиново Облешево, како донација од општина Кочани за трајно користење и управување. Станува збор за товарно противпожарно возило во кое можат да се сместат осум лица, а ќе го користи Комуналното јавно претпријатие „Облешево“.

Добивај вести на вибер

На примопредавањето присуствуваа градоначалникот на Кочани Ратко Димитровски и градоначалникот на Чешиново Облешево Костадин Личков.

– Возилото го отстапуваме на трајно користење без надомест со одлука на Советот на општина Кочани. Со ова им излегуваме во пресрет на граѓаните од соседната општина да може возилото да се користи во итни случаи на гаснење пожар додека да интервенира територијалната противпожарна единица од Кочани, изјави градоначалникот Ратко Димитровски.

За градоначалникот на општина Чешиново Облешево возилото е добредојдено за интервенирање во итни случаеви кога има запалени стрништа и нискостеблеста шума во атарот на општината.

– Возилото ке го користи нашето Комунално претпријатие и тоа ќе биде дел од возниот парк со кој располага истото, истакна Личков.

Според командирот на кочанската територијална противпожарна единица Дејанчо Арсов, на територијата на општина Чешиново Обелшево минатата година во екот на пролетта и во летниот период се случиле над триесетина пожари на кои тие биле подготвени да делуваат и истите да ги стават во мирување.

Со ова возило, истакнува Арсов ќе се делува превентивно додека пристигне нашата територијална противпожарна единица.

Инаку, територијалната противпожарна единица на Кочани делува на подрачјето од општните Кочани, Чешиново Облешево и Зрновци, а во итни случаи интервенира и во соседните општини кога се бара од нив помош.

cesinovo-oblesevokocani

Би можело да ве интересира

Петмина малолетници се повредени во сообраќајка во близина на Кочани

Горан Наумовски22/01/2026 - 18:2322/01/2026 - 18:45

Левица: Имотот на газда Деко повреден од згаснатите млади животи во Кочани – виновните тужат, државата бега од одговорност

Предраг Петровиќ18/01/2026 - 11:56

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски09/01/2026 - 09:3309/01/2026 - 12:33

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

Горан Наумовски30/12/2025 - 22:30

Семејствата на загинатите во „Пулс“: Kај нас празниците болат најмногу, ги броиме празните столчиња

Предраг Петровиќ27/12/2025 - 19:3127/12/2025 - 19:32

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја

Горан Наумовски24/12/2025 - 14:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен