Против скопјанец поднесена 128. кривична пријава

Од:

СВР-Скопје до надлежното Основно Јавно обвинителство  поднесе кривична пријава против лицата Н.Ѓ. (35), С.Г. (32) и А.А. (23) сите од Скопје, осомничени дека  се сторители на неколку кривични дела.

МВР денеска соопшти дека Н.Ѓ. извршил три кражби и тоа една тешка и две кривични дела „одземање на моторно возило“. Пријавениот С.Г. ги извршил кривичните дела „тешка кражба“ и „прикривање“. Питоа тие се стекнале со противправна имотна корист од околу  426.390  денари. Од страна на  Судија на претходна постапка на првопријавениот Н.Ѓ.  одредена  му е мерка притвор  во траење од  осум дена.

Првото кривично дело пријавените  Н.Ѓ. и С.Г го извршиле во бутик на подрачје на Центар на тој начин што во ноќните часови со помош на клешти за сечење на арматура првопријавениот го исекол катанецот со кој дополнително била обезбедена помошната влезна врата од бутикот. Потоа делувајќи со подесен алат помеѓу крилото и рамката од вратата успеал насилно да ја отвори истата, при што двајцата влегле внатре, направиле претурање по работниот пулт и изложбените рафтови од каде одзеле поголема количина на облека, рачни часовници, паричници и друго. Дел од украдените предмети  првопријавениот за одредена сума му ги дал на третопријавениот А.А., а дел задржал за себе со намера подоцна да ги продаде.

Кривични дела „одземање на моторно возило“, соопшти МВР,  Н.Ѓ. ги извршил  едно во ноќните часови, а второто преку ден, на подрачје на  Карпош и Аеродром на тој начин што во првиот случај  откако забележал дека вратата од возилото не е заклучена, влегол внатре  ги откорнал каблите од контакт бравата и со нивно преспојување го ставил возилото во погон. Второто кривично дело е извршено на тој начин што откако  забележал дека возилото е отклучено и во контакт бравата биле оставени клучевите го искористил отсуството на оштетениот, влегол во возилото го ставил во погон и се одалечил од местото на настанот. И во двата случаи после поминати одреден број на километри возилата ги оставал на паркихг.

Врз основа на добиена судска наредба, вчера полициски службеници од Одделението за имотни деликти извршиле претрес во домот  на пријавениот А.А. при што се пронајдени дел од украдените  предмети  и се  вратени на оштетените.

Инаку против  Н.Ѓ. поднесени  се вкупно  127  кривични пријави од кои 122  се поднесени од стана на СВР-Скопје, додека пак останатите се поднесени од страна на  СВР-Охрид  и СВР-Велес за извршени кривични дела од областа на имотните деликти.

Против второпријавениот С.Г. поднесени се 12 кривични пријави, од кои 11 се поднесени од страна на СВР Скопје и една од СВР Битола за извршени кривични дела од областа на имотните деликти и кривични дела против јавниот ред, а според крим евиденцијата на МВР за третпријавениот А.А. од страна на СВР Скопје  поднесена е една кривична пријава од областа на кривичните дела против животот и телото  и кривични дела против слободите и правата на човекот и граѓанинот.

Би можело да ве интересира

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Откриена е криминална група за посредување во проституција и илегална трговија со дрога

Горан Наумовски

Четворица приведени за пукањето во Чаир, двајца биле затвореници од „Идризово“

Санкции поради неправилности при вршење јавен превоз со автобус

Предраг Петровиќ

Преку лажни профили на МВР и Интерпол се нуди помош за измамени во “Конти“, предупредува полицијата

Катерина Ѓуровски

Отворен пункт за лични документи во Сарај