ВИДЕО: Протестот се пресели пред домот на премиерот, демонстрантите скандираат „Излези диктаторче!“

Од:

Протестот за полициска бруталност се пресели пред домот на премеирот, Никола Груевски, на поранешна Бихаќка.

Граѓаните го повикуваат премиерот да излезе на тераса со паролата „Излези диктаторче!“.

Демонстрантите скандираат „Никола диктаторче“ и бараат оставки од премиерот. На улицата може да се забележи силно полициско обезбедување.

Протестот се придвижи кон Бихаќка откако претходно демонстрантите протестираа пред МВР барајќи оставка од министерката, Гордана Јанкулоска.

Откако, таму демонстрантите побараа оставка од министерката и од премиерот Груевски, колоната демонстранти се упатија кон Собранието.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите