Протестниот караван на СДСМ со нова маршрута

Од:

СДСМ денеска ќе го продолжи протестниот караван со автомобили на членови на партијата. Караванот ќе се движи по нова маршрута која ќе се протега по сообраќајниците на населбите Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода и Центар.

Колоната автомобили напладне ќе тргне од пред салата „Јане Сандански“ и ќе се движи по булевар „АВНОЈ“ кон Ново Лисиче. На крстосницата со булевар „Србија“ ќе сврти десно и ќе се движи по булеварот „Србија“ се до крстосницата кај Цементарница „Усје“, а потоа ќе продолжи по булеварот „Борис Трајковски“ поранешна „Првомајска“ кон населбата Кисела Вода.

Во населбата Кисела Вода караванот ќе се движи по улиците „Народни херои“, „Димо Хаџи Димов“ и „Антон Попов“ („Огњан Прица“), а во  Центар по булеварите „Кочо Рацин“, „Св. Кирил и Методиј“ и „Водњанска“ и улиците „Васил Ѓоргов“ и „Рузвелтова“  од каде преку булеварот „Илинденска“ ќе пристигне пред зградата на Влада на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија