Протестирам: Со криминалци не се преговара

Од:

Протестирам најави дека и денеска ќе се протестира против аболицијата на Ѓорге Иванов.

Еве што стои во нивниот повик:

После повеќе од една година протести, преговори помеѓу партиските лидери и меѓународна медијација, стигнавме до работ. Оваа криза со преговори не се решава, затоа што со криминалци не се преговара. Оваа криза се решава само и исклучиво на улица!

Од оваа борба нема откажување! Нашиот избор е тоталитарно мракобесие или улица. Ние ја одбираме улицата и затоа ви порачуваме: раскомотете се, ова ќе биде пеколно лето! #Протестирамполека ќе станува #блокирам, #окупирам и секојдневно го #менувамсистемот!

Нема да дозволиме ни да избегаат со украденото, а камо ли да останат во земјата несоочени со правда. Нема да дозволиме повторно заташкување на ситуацијата и губење на уште една година во реформи од типот „едно напред, три назад.“

Секојдневно упатуваме повик кон сите оние наши сограѓани и сограѓанки, особено до оние кои сѐ уште не се вклучиле во протестите, да се вклучат – тоа да го сторат на начин на кој што знаат и умеат и да ја врамат пораката како што тие мислат дека треба! Никој нема монопол на оваа борба, таа е на сите, насекаде и на долг рок! #Протестирам не е проект со ограничено времетраење ниту пак нечиј инструмент за постигнување некаква цел – тоа е нов менталитет на МОЌНИ граѓанки и граѓани, кои извикуваат ДОСТА Е, но и кои самите ја градат визијата за подобро општество!

Се гледаме на протест!

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите