„Протестирам“ ќе се приклучи на утрешниот протест пред Влада

Од:

Граѓанското движење „Протестирам“ повикува на протестен собир на 17 мај, во 13 часот, пред Основниот суд 1, во Скопје и на заеднички марш до Владата на Република Македонија, што симболично ќе почне во пет до два.

„На вечерниот собир пред Собранието, по протестите, граѓаните кои протестираат секој ден во 18 часот се согласија да излезат на протестот на 17 мај. Протестот ќе почне во 13 часот пред Основниот суд 1 – Скопје. Заедно со „Студентски пленум“, пред Судот ќе се повика на ослободување на политичките затвореници од 5 мај наваму. Оттаму, во заеднички марш, како  потсетување на долготрајната и здружена борба на сите, во 13:55 часот ќе се упатиме кон Владата на Република Македонија“, пишува во соопштението на „Протестирам“.

Од здружението велат дека за да ја нагласат автентичноста на движењето, и утре ќе се соберат на булеварот Климент Охридски во 18 часот.

Движењето протестирам има три главни барања и линии на дејствување.

  1. Итна оставка и преземање политичка и правна одговорност на целата Влада на чело со Никола Груевски за неуставното, корумпирано и неетичко владеење;
  2. Итно ослободување на сите активисти притворени од 5 мај наваму;
  3. Формирање влада за демократизација на институциите и за овозможување фер и демократски избори

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

Железарци ги засилуваат протестите до надлежните: Запрете го возачкото дивеење на „Коце Металец“

Жарко Настоски

Утре ќе бидат затворени улици во центарот на Скопје поради протест против образовните реформи

Жарко Настоски

ВИДЕО: Грци протестираа против вакцините и задолжителната вакцинација, за првпат нападнати новинари

Жарко Настоски

Поречани блокираа накај Драчево, бараат конечно да се пушти пат од Македонски Брод до Скопје

Жарко Настоски

ВМРО-ДПМНЕ пак протестира пред МНР, бара власта да соопшти за што преговара со Бугарија

Жарко Настоски

ВИДЕО: Расист се заби со џип во група црни демонстранти, возел 150 километри на час

Жарко Настоски

Leave a Comment

thirteen + 10 =