Протестираат македонски композитори: Доста „барокни“ шампити и криминал!

Од:

Четворицата македонски композитори кои живеат и работат во Велика Британија, Панде Шахов, Никола Коџабашија, Михаило Трендафиловски и Мирослав Спасов, ги поддржаа масовните протести во земјава. Тие испратија фото колаж на кој се гледаат градбите на Скопје 2014 од една страна и наспроти нив, врвните архитктонски зданија низ светот.

„ПРОТЕСТИРАМ за правда и слободно изразување! Доста “барокни” шампити и криминал, да создаваме креативни градби и хумано општество!“, порачуваат македонските композитори.

Protestiram_foto

Во своето оворено писмо, четворицата композитори изразија поддршка на протестите на граѓаните.

– Изразуваме сесрдна поддршка на протестите на граѓанските здруженија низ Македонија и ги повикуваме сите граѓани без разлика на политичка, верска, и национална припадност, мирно, ненасилно но во исто време одлучно и истрајно, да делуваат во правец на морално, културно, и уметничко ”ресетирање” на ”инфицираното” општество. Македонија има потенцијал да ја надмине кризата но потребна е взаемна поддршка и поврзување помеѓу сите ”ресетирани” индивидуи за да се ”ресетираат” сите ”инфицирани” здруженија, политички партии, образовниот систем, здравстовото и судството, велат композиторите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите