Протести пред седиштето на СДСМ во Охрид поради недонесувањето на буџетот во Собранието

Од:

Група граѓани на Охрид, предводени од членови на невладината организација „Светла иднина 2009“ денеска протестираа пред седиштето на Општинската организација на СДСМ во градот, со барање да не се блокира усвојувањето на буџетот во Собранието.

Со блокадата на усвојување на буџетот од страна на пратениците од СДСМ, посочија, им се ускратува исплатата на социјалната помош за која, како што истакнаа, претставува единствен извор на средства за нивна егзистенција.

– Тука сме за да ја искажеме нашата револтираност од случувањата во овој период. Долги години ние бевме маргинализирани, единствен излез за повеќето од нас е социцијалната помош и минималните пензии. Затоа сме крајно загрижени од блокирањето на работата на Собранието и донесувањето на буџетот, рече претседателот на невладината организација Атеме Арслан.

Таа посочи дека неодговорно е што пратениците на СДСМ со амандмани ја загрозуваат нивната егзистенција.

Апелираат да надвладее разумот, да престанат политичките игри и буџетот да се донесе.

– Апелираме СДСМ и опозицијата да ги повлечат амандманите и да го изгласаат буџетот, само така ќе може да се исплати социјалната помош, парите со кои плаќаме сметки и ги храниме нашите смејства, додаде таа.

Членовите на невладината „Светла иднина 2009“ ги повикаа Ивановски, Макрадули и нивните колеги во Парламентот да се однесуваат одговорно, затоа што од нивните активности насочени кон блокирање на донесувањето на буџетот, подвлекоа, зависат нивните судбини.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни