Протести и контрапротести во Скопје

Од:

Во 18 часот пред Специјалното јавно обвинителство продолжуваат протестите иницирани од граѓанското движење „Протестирам“ кое има повеќе барања:

повлекување на одлуките за аболиција и оставка на Иванов од функцијата претседател, произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО;

формирање специјално одделение на Кривичниот суд, надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО; повлекување на одлуката за одржување на парламентарни избори на 5 јуни;

вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во решавањеto на кризата; формирање преодна влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе.

Во 19 часот пред Собранието, пак, закажани се контрапротести на граѓанската иницијатива ГДОМ, која бара повлекување на одлуките за аболиција на Заев и на Верушевски и одржување избори на 5 јуни.

Би можело да ве интересира

Протест во Тунис прерасна во судири со полицијата

Протест против странските работници во Риека: Дојдоа 20 луѓе

Вработените на „Паркови и зеленило“,„Флораком“ и „Луна“ најавуваат протести секој ден

(ВИДЕО) Колумбијците протестираат против Трамп, четворица полицајци повредени со стрели

Движењето „Ниту една повеќе“ вечерва изрази револт поради убиството на Росица, како и многу други случаи на фемициди

Кордон помеѓу студентите и местото каде се одржува воената парада во Белград