Протестен собир „во солидарност со палестинскиот народ“ во недела во Скопје

Од:

На социјалните мрежи денеска е најавен собир на скопскиот плоштад „Македонија“ во недела напладне, на кој ќе се изрази поддршка и солидарност на народот на Палестина, по ескалацијата на насилствата во Газа и во Израел изминатава недела.

„Палестинскиот народ во окупираниот источен Ерусалим се соочува со етничко чистење од државата Израел. Како резултат на нападите и насилството што ги користеа израелските власти, само оваа недела, беа убиени над 30 Палестинци, од кои 14 деца, оставајќи стотици повредени. Покрај тоа, систематското насилство прераснува во иселување и узурпација на палестинските домови во Ерусалим. Постојаното угнетување и притворање на палестинскиот народ од страна на фашистичката власт во Израел е кршење на основните права и слободи на народите насекаде, и затоа треба интернационално да се спротиставиме на ова угнетување“, се вели во најавата на собирот на Фејсбук.

„Во знак на солидарност со палестинскиот народ и нивниот отпор, во недела во 12 часoт ќе се одржи протестен собир на плоштад Македонија. Потсетуваме на почитување на здравствените мерки и протоколи предвидени според комисијата за заразни болести и Министерството за здравство“, велат организаторите.

Слични собири деновиве се одржаа во многу европски и светски градови.

Би можело да ве интересира

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он

Протест во Тунис прерасна во судири со полицијата

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски

Жена пријави физички напад врз ќерката од поранешниот сопруг во Скопје

Протест против странските работници во Риека: Дојдоа 20 луѓе