Протестен марш – НЕ за неуставните закони за хонорарците!

Од:

Платформата за граѓанска политика „Ајде!” најавува голем протестен марш против неуставните закони за хонорарците со кои се прекршуваат неколку уставни права и принципи и со кои се врши грабеж врз голем број на граѓани на Македонија.

Маршот ќе се одржи на 24-ти април 2015, петок, со почеток во 12 часот, пред Министерството за финансии, а ќе заврши пред Уставниот суд на Република Македонија, каде ќе биде поднесена претставка од 7000 граѓани за утврдување на неуставноста на пакетот закони со кои се регулира плаќањето придонеси  за хонорарците.

Во текот на март и април годинава, „Ајде!” спроведе граѓанска инцијатива во 15 градови низ државата, со која им овозможи на илјадници граѓани да се приклучат кон здружената акција и да го изразат револтот од пакетот закони со кои се загрозува еднаквоста на граѓаните и нивните работнички права.

Покрај нарушеното владеење на правото, со овие закони се ускратува правото на плата, пауза, годишен одмор, породилно/родителско отсуство и синдикално здружување, а хонорарците остануваат заглавени во бирократските лавиринти, затоа што законите се непрецизни, двосмислени и нејасни, па оттаму, ни администрацијата не знае како да ги спроведе.

Платформата ги повикува сите граѓани кои веруваат во принципите на еднаквост, социјална правда и солидарност, да се приклучат кон маршот, за да испратиме заедничко финално и масовно „НЕ” за овие штетни и противуставни законски решенија, до одговорните институции и до Уставниот суд на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Едукација, хуманост и забава на едно место: Вечерва прво издание на „Ајде фестивалот“ чиј покровител е Хајделберг факултет

АЈДЕ: Уставот е мртов! Борбата продолжува!

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Устав без држава не бидува

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Напнато пред Уставен суд, полицијата ја стопира колоната со демонстранти

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Огромна колона тргна кон Собранието и Уставен суд

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Почна собирањето пред Влада

Емир Латифовиќ