Протест за исчезнатите пред Собрание

Од:

Нов протест за пронаоѓање на исчезнатите лица ќе се одржи денес во 17 часот пред Собранието. Маја Трпковска, мајката на исчезнатиот Пино Секондо вели дека ќе продолжи со протестите се додека не добие одговор од МВР и Секторот за исчезнати лица за нејзиниот син. На протестот ќе излезе и Бекир Аслан, татко на Арбен Аслан.

„Пино е исчезнат веќе 110 дена, заедно со Бекир Аслани, кој е исчезнат 67 дена. Ние прашуваме до кога МВР ќе си игра со нашите живци, емоции, болки? Нека им е срам и грев. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, џабе излегува пред новинарите со изјава ‘Работиме се е во ред, се е под контрола’. Нека излезе пред нас родителите и нека го каже истото. Си ги бараме децата, а не папагалите“, вели Маја Трпковска, мајка на исчезнатиот Пино.

Таа смета дека полицијата и министерот се неспособни. Таа го повикува Спасовски да дојде на протестот пред Собранието и да даде одговори на прашањата од роднините на исчезнатите лица.

За Пино Секондо се уште нема никаква информација од МВР. Пред да исчезне излегол од дома со автомобил „шкода фабија“ со регистарски таблички SK 1566 AP. Арбен Аслан е исчезнат од 23 јануари годинава, а последен пат е виден како влегува во нечие возило, кое се уште не е пронајдено.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поддршка за Александар Вучиќ во Скопје

Горан Наумовски

Протести против АфД во Германија, полицијата употреби солзавец против демонстрантите

Вработените од „Улици и патишта“ најавија целосна блокада на градот, доколку не земат плата

Протестираат вработени од „Улици и патишта“, бараат исплата на плата и К-15

(ВИДЕО) Инцидент во Земун, на протест нервозен возач ќе повредеше неколку граѓани

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Студенти ја окупираа зградата на Ректоратот во Нови Сад