Протест во Струмица против избори и аболицијата на Иванов

Од:

Група граѓани попладнево во 18 часот се собраа пред новоотворената зграда на Јавната администрација во Струмица, за како што рекоа, да го искажат своето незадоволство за последните политички случувања и одлуката за аболиција на претседателот Ѓорге Иванов.

Платформата во која членуваат триесетина граѓански организации, бараат одложување на изборите, оставка на претседателот Иванов, враќање на демократијата и владеење на правото и целосно реализирање на договорот од Пржино.

– Не постојат услови за организирање регуларни, веродостојни и фер избори на 5 јуни, ниту пак постои време до тој рок да се создадат неопходните услови, изјави Митко Гогов, граѓански активист.

Организаторите сметаат дека наместо повеќе демократија, владеење на правото и појасна поделба на власта, постои уназадување на овие процеси.

Тие дополнително ќе одлучат дали, како и до кога ќе продолжат со протести.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите