Протест во Скопје поради труењето на уличните кучиња

Од:

Поради неконтролираното труење на бездомните кучиња во целата држава, здружението „Шепасти ентузијасти“ од следниот понеделник до петок, ќе организира протести во Скопје. Протестите го носат слоганот „Шепаста револуција“.

„Бидејќи нема никаква реакција од надлежните, повикуваме на револуција, која нема да вклучува насилство, туку силно ќе покаже дека навистина ни е преку глава да ја гледаме агонијата на бездомните животни! Рута: Собрание, Рекорд, ЈП „Комунална хигиена“, секој работен ден од 17 до 20 часот. Сите облечени во црно и со црвена боја во раката. Можеме ли заедно да го направиме ова?“, пишуваат организаторите.

Тие велат дека нивна должност е да се борат за судбината на бездомните животни. Реакција за убиствата на животните имаа и од здружението за заштита на животните „Анима мунди“.

„Ова е секојдневната реалност со која се соочуваме, слика што не може да се избегне околу нас на секој чекор – живи животни што се тетерават, паѓаат, повраќаат и се борат за последен здив; умираат пред очите на граѓаните, пред очите на децата. Бараме итно најстрога законска забрана за слободна продажба на високотоксични материи кои секојдневно се купуваат и злоупотребуваат, а кои може да бидат погубни за секого. Бараме контроли во сите земјоделски аптеки, на сите пазари, каде што смртоносни супстанции се продаваат евтино и под рака. Бараме да се фати трујач и да одговара. Посочуваме – отровите се поставуваат во близина на маркети, детски игралишта и паркови, влезови, кафулиња и ресторани, повеќето со безбедносни камери што би послужиле како доказен материјал за пронаоѓање на сторителот, но секако ако сакаме тој да биде пронајден“, велат од „Анима мунди“.

Би можело да ве интересира

Илјадници граѓани на протест во Словенија поради убиството на таткото кој го бранеше синот

А1он

Нереди во Мароко: Најмалку двајца загинати и повеќе од 300 се повредени, групата „ГенЗ 212“ бара промени

Вучиќ откри: Делови од полицијата беа подготвени да учествуваат во обоената револуција – ги насочија цевките кон „Чациленд“

Во Буенос Аирес протести против мерките за штедење

Низ цела Франција се најавени собири, на кои се очекуваат помеѓу 600.000 и 900.000 демонстранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Брутална акција на француската полиција, апси секој што блокира, нападнати се и новинари