Протест во Куманово против помилувањата од Иванов и избори на 5 јуни

Од:

Мирно и без инциденти заврши едночасовниот протест на граѓанската иницијатива „Протестирам“ во Куманово.

На протестот, кој се одржа пред Основниот суд Куманово, беше побарано повлекување на одлуката за аболиција, оставка на престедателот Ѓорге Иванов и повлекување на одлуката за избори на петти јуни, се додека не се создадат услови за фер и демократски избори… На протестот беше искажана и поддршка за работата на Специјалното јавно обвинителство.

Мице Дудучки, од иницијативата „Протестирам“ рече дека кумановци како слободоумни граѓани бараат создавање на просперитетна држава и еднакви права за сите, независно од определбата. Додаде дека Куманово, како мултиетнички и мултикултурен град, секогаш бил на страна на слободата и демократијата и дека кумановци сакаат да живеат во држава во која законите ќе важат поеднакво за сите и која ќе нуди еднакви шанси за сите.

На протестот присуствуваа и претставници на опозициските партии.

Иницијаторите најавија дека протестите ќе продолжат и утре пред Основниот Суд во Куманово.

Фото: Миа

Би можело да ве интересира

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

Грчките земјоделци стартуваа 48-часовна блокада, граничните премини „Евзони“ и „Ники“ се затворени

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски

Протест „Стоп за УСЈЕ“, се бара дислокација на цементарата

Протест во Тунис прерасна во судири со полицијата