Протест во Даме Груев: Наместо во нивната населба, жителите се впишани дека живеат во Ново село

Од:

Жителите на скопската населба Даме Груев или попозната како Геге, излегоа на протест, блокирајќи ја главата сообраќајница. Тие се револтирани бидејќи во нивните лични карти е додадено дека живеат во Ново село, место кое се наоѓа веднаш до Даме Груев. Со тоа, сметаат дека се брише нивната населба и се припојува со соседното населено место. Дека постои проблем, призна и градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски.

Тој не објасни како е направена ваква промена во личните карти и зошто жителите на Даме Груев се пишани дека живеат во Ново село. Најави дека ќе се изврши корекција, но и тогаш нема да стои името на населбата Даме Груев во личните карти, туку името на општината Ѓорче Петров.

Според жителите кои протестираат, името на населбата е избришано од сите официјални документи. Тие бараат итна промена и враќање на името на населбата, кое бараат да е впишано и во личните карти, пред улицата и бројот. Ниту тие, не добиле објаснување од градоначалникот Наумовски зошто е направена ваква промена во документите поврзана со местото на живеење.

Од општината Ѓорче Петров, на чија територија се наоѓа населбата Даме Груев, велат дека побарале од Град Скопје да се изврши корекција во личните карти за жителите на Даме Груев и да се впише името на улицата и бројот со населеното место Ѓорче Петров како живеалиште.

„Согласно член 8 од Законот за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти не може да се врши промена на имињата шест месеци пред одржување на редовните локални избори и една година пред планиран попис. Очекуваме дека по спроведувањето на пописот и локалните избори, во меѓусебна комуникација помеѓу Централен Регистар и Министерството за внатрешни работи, позитивно ќе се реши проблемот, согласно барањето на граѓаните на УЗ Даме Груев“, напиша градоначалникот Наумоски.

Би можело да ве интересира

Министерството за транспорт и врски со реакција на прес-конференцијата на Град Скопје

Предраг Петровиќ

Блокиран сообраќајот на улицата „Ѓорче Петров“ за излез и влез во Скопје

(ВИДЕО) Стојковска: Парк или депонија во Ѓорче, потенцијална еколошка закана по здравјето на луѓето?

Ана Ололовска

Стојкоски: Нови инфраструктурни проекти до крајот на летото во Општина Ѓорче Петров

Ана Ололовска

Започна решавањето на проблемот со бездомните кучиња во Ѓорче Петров

Ана Ололовска

Која општина колку должи и зошто: Ѓорче Петров со најголем минус, Аеродром со најмногу пари во каса

Кристијан Ландов