(ВИДЕО) Протест против изживувањето врз животните: Коце, се што прета ти смета

Од:

Стотина граѓани се собраа на протестот „Градот хуман пак ќе никне“ во огранизација на Анима мунди против изживувањето врз бездомните животни.

Со транспаренти „Од убиство на животни, до убиство на луѓе има само еден чекор“, „Убивате бездомни кучиња, да смеете ќе убивате и луѓе“, „Коце, се што прета ти смета“, граѓаните и претставниците на здруженија за заштита на животните точно на пладне протестираа на плоштадот Македонија.

Тие бараат:

– Итен прекин на убивањето во Вардариште, раскинување на договор за работа со Ветеринарната болница Автокоманда, а ветеринарите да бидат казнети за нехумано убивање во стационарот,
– Влез на активистите за заштита на животните во Вардариште како овластено тело за надзор на спроведување на Програмата на град Скопје,
– Отпуштање на дел од вработените во Вардариште препознатливи по нехуманоста кон кучињата
– Прекин на самоволното заловување на веќе стерилизирани, третирани и обележани кучиња,
– Забрана за заловување на малите кутриња, кои не се предмет на Програмата,
– Овозможување на граѓаните да си ги повлекуваат локалните миленици од стационарот
– Инспекторите на Град Скопје да запрат со изживување врз сопствениците на миленици и оние кои се грижат за животните,
– Најстроги казни за инспекторите кои ги надминале законските овластувања,
– Агенцијата за храна и ветеринарство да одговори на пријавите од здружението и да одговори на пријавите и да изрече соодветни и казни за секое институционално или индивидуално прекршување на Законот за заштита и благосостојба на животните.

Би можело да ве интересира

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

Грчките земјоделци стартуваа 48-часовна блокада, граничните премини „Евзони“ и „Ники“ се затворени

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски

Протест „Стоп за УСЈЕ“, се бара дислокација на цементарата