Протест пред влада „Ука, бука, оди си Никола!“

Од:

Коалицијата Граѓаните за Македонија, ги повикува сите граѓани, денеска, во 18 часот, да дојдат пред Владата на Република Македонија и да му се придружат на протестниот марш „УКА, БУКА, ОДИ СИ НИКОЛА!“

Граѓаните, уште еднаш, масовно и гласно од Владата на РМ ќе се упатат кон резиденцијата на Никола Груевски и ќе му порачаат: ОДИ СИ! Овој протест, ќе биде најбучен досега, ги повикуваме граѓаните да носат тенџериња, капаци од тенџериња, лажици, пластични туби и други предмети што создаваат бучава и заедно ќе се упатиме пред домот на Никола, за тој да слушне и конечно да разбере дека мора да си оди.

Никола Груевски, мора да ја напушти власта, затоа што, девет години владее со Македонија, на криминален и насилен начин. Тоа впрочем, недвосмислено го потврдува и експертскиот извештај на Европската комисија.

ukabuka-odisinikola1

Граѓаните знаат дека Никола Груевски наместо демократска и правна држава, од Македонија направи партиски вилает. Наместо независно судство ни наметна партиска (не)правда. Наместо независни институции создаде партиски инструменти. Наместо независни медиуми направи партиски мегафони. Наместо социјална правда, на граѓаните им наметна партиска (не)милост. Наместо „граѓанска“ полиција создаде партиска, наместо слободен пазар функционираат само партиски тендери, наместо квалитетно образование и култура имаме само партиска индоктринација, а наместо слободни избори имаме партиски фалсификат.

Исто така, Никола Груевски, за девет години власт, направи најмалку 50 кривични дела и доби 30 кривични пријави и тоа за: злосторничко здружување и перење пари; неовластено прислушување и тонско снимање; злоупотреба на службена положба и овластување; мачење и друго сурово, нечовечно и понижувачко постапување и казнување; прикривање кривично дело или сторител во врска со убиство; повреда на избирачко право; повреда на слободата на определување на избирачите; давање и примање поткуп и др. За сите злодела, сите кои ги прекршиле законите, ќе мора и кривично да одговараат.

ОДИ СИ, НИКОЛА! велат организаторите од Граѓанска иницијатива „Граѓаните за Македонија”.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Берлин се крена против АфД: Илјадници протестираа по изборниот триумф на десницата

Горан Наумовски

Северина застана зад граѓаните кои протестираат во Загреб

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Протест во Загреб: Отпадот во Госпиќ не е изолиран случај

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Започна „Маршот за Лика“ – „Предавството нема да го простиме“

Горан Наумовски

Протест во Загреб против опасниот отпад во Госпиќ: Граѓаните бараат итна санација

Горан Наумовски

Протест на македонските транспортери: „Вака повеќе не може“, бараат решение од ЕУ

Горан Наумовски