Вечерва во 20 часот пред хотел „Бристол“ ќе се одржи протест поради самоволието и масакрот на паркот спроти старата железничка станица.
Граѓаните ги повикаа жителите на Скопје и сите кои не се согласуваат со униптувањето на зеленилото да се приклучат на протестот.
„Со денови и ноќи сме присутни на оваа локација, со истите пораки до владата – не му ги сечете белите дробови на нашето Скопје“, велат активистите.
Тие најавија дека повторно ќе го постават шаторот, на местото каде што треба багерите да копаат за да се постават темелите на зградата на Советот за радиодифузија во барок стил.