Протест на ЗНМ за поддршка на Зоран Божиновски

Од:

На повик на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) се одржува мирен протест пред Основниот суд Скопје 1 за поддршка на новинарот Зоран Божиновски кој е во притвор.

-Нема дилема дека Божиновски стана предмет на кривичен прогон поради неговата работа како новинар и поради неговите објавени злоупотреби за власта. Тој е обвинет за тешки кривични дела затоа што власта преку злоупотреба на законите и на институциите сака да ги затскрие вистинските намери, да замолчи еден новинар, да ги дисциплинира и да ги заплашува другите и да спречи јавноста да ја дознае вистината за начинот на нејзиното владеење“, велат од ЗНМ.

Протестот се одржува истовремено со судскиот процес против Божиновски, кој се товари за шпионажа, злосторничко здружување и за уцена.

„Со ваквите судски процеси, власта се обидува да ги дискредитира и да ги девалвира сите новинари и сака да го наруши кредибилитетот на новинарската професија. Ваквиот прогон влијае негативно и на слободата на изразувањето и на слободата на медиумите, е ставот на ЗНМ.

Би можело да ве интересира

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија