Протест на жители од охридски села, се жалат на електроснабдувањето во зима

Од:

Жители на охридското село Куратица денеска одржаа протест пред седиштето на ЕВН во Охрид поради, како што велат, честите прекини во дистрибуција на електрична енергија во домаќинствата во селото во зимскиот период.

На мирниот протест „Повеќе не се трпи“ тие изразија незадоволство од дотраената и неодржувана електрична мрежа во тој дел од охридскиот регион во кој гравитираат повеќе села.

– Тука сме да изразиме револт и да предупредиме дека ЕВН треба да инвестира во сопствената мрежа, бидејќи како и претходните години така и оваа зима нашите села со денови се без струја и отсечени од цивилизацијата, изјави Горан Ангелоски, претседател на месната заедница Куратица која и го организираше протестот.

Населението од повеќе села што беа дел од поранешната општина Косел достави и писмено барање до ЕВН за санирање и редовно одржување на тој дел од системот за електроснабдување.

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум