Протест на Здружението на глуви и наглуви пред Централниот регистар

Од:

Протест пред Централниот регистар се одржа денеска во организација на Здружението на глуви и наглуви (ЗГН), поради постапка за упис на претседател на Здружението во Центарлниот регистар.

– На 8 јануари 2019 избран е претседател, доставена е цела документација што е потребна до Централен регистар и записници од самото изборно собрание, листа на делегати и други покани до делегатите. Тоа е одобрено од Централен регистар со упис направен на 9 јануари и сега во меѓувреме има некоја достава, барање за упис на друг претседател на некое вонредно собрание што не е постоечко, бидејќи се направени фалсификати внатре. Листата што тие ја доставуваат до Централен регистар и тоа што го бараат, промена на претседателот, од 8 јануари до 15 јануари, бидејќи они тогаш поднеле барање, ја поднесуваат Димитар Башевски и Билјана Среткоска, велат од Здружението.

Велат дека не постојат тие луѓе во сојузот и прашуваат зошто поднесуваат листа на други делегати, нелегитимни, спротивна од листата уважена од страна на Централниот регистар.

– Доколку добие Ибраим Тахировски, а ноември месец се повтори, сојузот ќе пропадне. Затоа што со сметката во ноември на сојузот е Направена штета од над милион и двесте илјади денари, не дозволуваат глувите да се повтори истата штета на сметката, велат од ЗГН.

Претставници на Здружението остварија и средба во Централниот регистар.

Би можело да ве интересира

Меѓународниот ден на трудот одбележан со првомајски протест и барања упатени до новата влада

А1он

Трендафилов: Сакаат да го конфискуваат Работничкиот дом за да го уништат синдикалното движење

А1он

Првомајскиот протест ќе биде со барања упатени до новата влада

А1он

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

Потпишување анекс на Колективниот договор веднаш по формирањето на новата влада, бараат здравствените работници

Орце Костов

Протест за измени на законот за заедничко старателство по развод