Протест на ВМРО-ДПМНЕ за поддршка „на членството во ЕУ, за Македонија и за Гоце Делчев“

Од:

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе организира протестен собир, како што најави, за поддршка на членството во ЕУ, за Македонија и за Гоце Делчев. Најавено е дека протестот ќе почне вечер во 18.30 часот од пред Министерството за правда, ќе продолжи преку мостот „Гоце Делчев“ се до зградата на Министерството за надворешни работи.

– Ова е мирен народен протест на кој ќе испратиме јасни пораки. Време е за гласот на тивкото мнозинство. Повикуваме сите да ни се приклучат во протестот кој треба да биде нашиот глас за она што не обележува како држава, стратешки интерес и бедем на нашето постоење, потенцираат од ВМРО – ДПМНЕ.

На однапред видно обележано место пред Министерството за правда, најавено е дека ќе се делат пораки и транспаренти кои ќе бидат дел од протестот.

– Гоце Делчев е еден од најсветлите ликови врз чии постулати почива современата македонска држава. Тој е дел од нашиот идентитет и црвена линија за нашето достоинство. Токму за него и за историски факти далеку од очите на јавноста преговара владата на Заев со нашиот источен сосед. Трговијата со неговото име и постоење значи трговија со нашето постоење и она што сме и ќе продолжиме да бидеме, тоа е Македонци. Во меѓувреме нема никакво поместување на патот кон Европската Унија. Европската Унија останува уште едно неостварено ветување на Зоран Заев и неговата власт. Не чувме идеја, ниту план, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Се работи, наведуваат, за мошне чувствителен период и тоа време кога и им треба нашата поддршка на нашите историчари кои се дел од тимовите за преговори за да ја бранат вистината за Гоце и да не потклекнуваат на трговии и политички притисоци.

Опозициската партија најави повеќе тематски протести. Претходно организираше два протеста против поскапувањето на струјата.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му