Протест на учениците и родителите од Подгорци

Од:

Нов протест пред зградата на општина Струга на учениците Албанци и нивните родители од струшкото село Подгорци. Повторно со истите барања за легализирање на нивните паралелки и решавање на нивниот проблем, за кој тврдат дека надлежните институции немаат слух да го решат во целост.

„Еден затвор помалку“, „Заменик министре имате страв од образовани Албанци“, „Во Македонија има 28 училишта со 3 -5 ученици, а во Подгорци сме 23 ученици“,„Денеска протестираме за правата на нашите деца“, беа само дел од пораките испишани на транспаренти.

„Нашите деца да одат во своето училиште во селото каде што се родени. И ние како и сите граѓани плаќаме данок на оваа држава. Овде сме родени и овде ги бараме нашите права“, рече Киметка Садикоска, родител.

Поголемиот дел од родителите не го прифатија предлогот на општината и Министерството за образование нивните деца настава да следат во училиштето во соседното село Лабуништа.Настава во Подгорци има, но засега тие паралелки се нелаглни, а во училницата каде што се учи нема струја, па наставата се изведува на свеќи.

Родителите најавуваат дека ќе продоллжат да протестираат се до исполнување на нивните барања. Во текот на наредниот перид планираат да протестираат пред Министерството за образование во Скопје и пред седиштата на мисиите на Европската Унија и Обсе во Скопје. Иако надлежните велат дека во образованието нема политика, очигледно е дека во случајот со Подгорци политиката е длабоко инфилтрирана.

Би можело да ве интересира

МВР: Кривична за директорот на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро

Хајделберг факултетот се доближува до идните академски граѓани: Започна караван низ средните училишта во Македонија

A1on

(ВИДЕО) Скроз гол на џогинг во Охрид

А1он

(ВИДЕО) Николова: Предложените реформите се без јасна стратегија за развој и модернизација на образованието

Мартин Гоџоски го фати крстот во Охрид

Катерина Ѓуровски