Протест на средношколците од Битола

Од:

Средношколците од Битола, денеска излегуваат на протетстен марш пред средното медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“ за укинување на екстерното тестирање и враќање на стартиот модел на државна матура.

„Средношколскиот пленум „излегува на марш затоа што истите беа игнорирани од Министерството за Образование и Наука. Затоа што откако со години го малтретираа, го убија средното образование. Затоа, да излеземе да го вратиме! Образованието е јавно добро и е коренот на општеството. Од него произлегува сè останато. Наша обврска и општествена одговорност е да се бориме за квалитетно образование. За нас, за нашето општество! Со квалитетот нема компромис, за квалитет не се преговара. Затоа, да маршираме во борбата за подобро образование и во борбата за подобро општество!“, се вели во повикот на средношколците од Битола.

Изминатата недела се одржаа повеќе средношколски маршеви низ целата земја на која се појавија повеќе илјадници средношколци, родители, професори и граѓани.

Би можело да ве интересира

Средношколците ќе учат до 10-ти, a основците до 17 јуни, ќе се одлучува како ќе се надоместат двете неработни среди за изборите

Преполовен бројот на новите средношколци во Струмица

Гимназиите веќе не се најпривлечни за учениците

Берин Мухамед нов претседател на Сојузот на средношколци

Ана Ололовска

Сојузот на средношколци ќе избира нов претседател и Извршен одбор

Ана Ололовска

Сојузот на средношколци поднесе иницијатива до Уставен суд, сите средношколци да имаат бесплатен јавен превоз