Протест на „Протестирам“ пред општина Битола

Од:

Граѓанската иницијатива „Протестирам“ денеска одржа едночасовен мирен протест пред општина Битола.

На граѓанскиот собир, кој се одвиваше од 12 до 13 часот, а беше изразен со прекин на сообраќајот на булеварот „1 Мај“ и негодувања против локалната и централната власт, учесниците ги повторија познатите барања, односно оставки на шефот на државата Иванов и градоначалникот Талески, повлекување на одлуката за општа аболиција и на одлуката за одржување на вонредни парламентарни избори на 5 јуни.

Организаторите најавија уште еден протест што ќе се одржи вечер на плоштадот „Магнолија“ во Битола.

Фото: МИА

Би можело да ве интересира

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

Грчките земјоделци стартуваа 48-часовна блокада, граничните премини „Евзони“ и „Ники“ се затворени

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски

Протест „Стоп за УСЈЕ“, се бара дислокација на цементарата

Протест во Тунис прерасна во судири со полицијата