Протест на патот Струга-Дебар, жителите бараа затворање на каменоломите во Лабуништа

Од:

Жителите на струшките села Лабуништа, Подгорци и Октиси преку мирен протест и блокирање на магистралниот пат Струга – Дебар побараа затворање на каменоломите во Лабуништа.

Организатор на протестот е еколошкото друштво „Натура Лаб“ од Лабуништа, кое бара од ресорните министерства и Владата одземање или раскинување на концесиите во најкраток можен рок, со цел да се заштите населението од големото загадување предизвикано од ископите, како и да се спречи уништувањето на природните убавини.

Во моментот, според претседателот на „Натура Лаб“ Алим Салоски, во подножјето на планината Јабланица, селото во Лабуништа имало шест активни каменоломи, кои работат со лиценци и уште неколку што работат без дозвола.

– Јавно ги покануваме одговорните министерства и премиерот Зоран Заев да дојдат на лице место и да се уверат што се случува на терен. Бараме од градоначалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко да каже и докаже на кој начин е издадена Б интегрирана дозвола за работа на каменоломите, истакна Алиоски.

Жителите побараа и од АД „Илинден“ веднаш да престане со работа на терен и да ги повлече машините.

Доколку институциите не одговорат на барањата, месното население најави порадикални протести пред општина Струга, но и пред Владата на Република Северна Македонија.

Жителите на Лабуништа денеска ќе формираат и одбор за спас на селото, апелирајќи за брзо надминување на проблемот и неполитизација на настаните.

Би можело да ве интересира

Десетици илјади луѓе се собраа во Тел Авив барајќи крај на војната во Газа

Вучиќ: Вечерва очекуваме обид за насилство, но државата е подготвена

Денеска во Белград протест на студенти кои блокираат, властите апелираат за мир

Горан Наумовски

Полицијата во Лас Вегас го прогласи протестот за нелегален и им нареди на граѓаните да се разотидат

Седми „Марш за ангелите“ во Кочани: Нашиот молк зборува повеќе од илјада зборови, но нема да трае вечно како вашето судење

„Марш за ангелите“ во Кочани: „Системот убива – институциите молчат“

Предраг Петровиќ