Протест на граѓанската иницијатива „Протестирам“ во Битола

Од:

Граѓанската иницијатива „Протестирам“ вечерва протестираше пред административната зграда на општина Битола.

Учесниците на протестот ги повторија познатите барања за оставки на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов и на градоначалникот на општина Битола Владимир Талески, а во своите обраќања посебен акцент ставија на социјалната правда.

– Бараме социјална правда и да запре уништувањето на работничкото движење. Синдикатот на образованието, науката и културата-СОНК е пример за политизирање и работничка негрижа, рекоа меѓу другото граѓанските активисти на собирот во Битола.

Протестот на „Протестирам“ заврши мирно со подарување велигденски јајца на полициското обезбедување, по што учесниците се разотидоа, а сообраќајот на булеварот „1.Мај“ продолжи да се одвива без прекин.

Би можело да ве интересира

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

Грчките земјоделци стартуваа 48-часовна блокада, граничните премини „Евзони“ и „Ники“ се затворени

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски

Протест „Стоп за УСЈЕ“, се бара дислокација на цементарата