Протест на Граѓаните за Македонија: Ука, бука – Никола, слушни ги бомбите и оди си!

Од:

„Коалицијата Граѓаните за Македонија, ги повикува сите граѓани и граѓанки, во четврток, на 2. јули, во 18 часот, масовно да дојдат пред резиденцијата на Груевски, за уште еднаш бучно и громогласно да му порачаме: „НИКОЛА ОДИ СИ!“

Ги потсетуваме граѓаните и овој пат, со себе да носат тенџериња, капаци од тенџериња, лажици, пластични туби и други предмети кои создаваат бучава, за Груевски да слушне и конечно да разбере дека мора да си оди“.

Protest - Nikola slusni gi bobmite i odi si

„Ние, граѓаните, громогласно ќе му кажеме на Груевски дека не сме ги заборавиле неговите злодела и криминали, за кои тој и неговата тајфа ќе мора да одговараат, а и него ќе го потсетиме на клучните телефонски разговори (бомбите) што досега ги презентираше опозицијата.

За таа цел, за време на протестот, под мотото: „Се сеќаваш ли на овие разговори? Граѓаните се сеќаваат и ќе те потсетат дека мора да си одиш!“, ќе бидат емитувани и клучните делови/разговори од бомбите“, се вели во соопштението на Граѓаните за Македонија.

Би можело да ве интересира

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

Грчките земјоделци стартуваа 48-часовна блокада, граничните премини „Евзони“ и „Ники“ се затворени

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски

Протест „Стоп за УСЈЕ“, се бара дислокација на цементарата

Протест во Тунис прерасна во судири со полицијата