А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Протест на битолските превозници, општината реагира

by А1он08/10/2018 - 12:23206
Share0

Битола подолго време е препознатлива по проблемот со превозот на учениците во основното и средното образование. Не навлегувајќи во проблемите кои биле во минатите години, Општина Битола последниве месеци бараше и нуди начини за надминување на негативните состојби со превозот на ученици, соопшти општината.

Добивај вести на вибер

По усвоените измени на Законот за превоз во патниот сообраќај во Собранието, учениците ќе можат да се возат во меѓуопштинскиот и општинскиот линиски превоз. Имајќи ги предвид обврските на Општината кои произлегуваат од споменатиот закон, според кој Советот на општината е надлежен да ги утврди цените и начинот на организирање на превозот на ученици, за денешната седница на Советот предложи измена на тарифата која се применува во општинскиот линиски превоз и одлука за начинот на организирање на превозот на ученици во линискиот превоз.

Точката на дневен ред беше во функција на разјаснување на толкување на постоечкиот тарифник бидејќи од повеќе аспекти постојат нејаснотии во неговата примена.

Во петокот попладне превозниците доставија писмо со кое не’ информираа дека денес ќе имаат протест во периодот од 9 до 11 часот не споменувајќи дека изутрина нема да ги возат учениците и останатите патници. Во текот на вчерашниот ден во функција на отвореност на општината, беа информирани дека точката од дневен ред ќе биде повлечена. Дополнително утрово истотот им беше потврдено на меил адресите на превозниците. За жал нивниот избор беше сепак да не возат, се додава во соопштението на Општина Битола.

„Од овие причини сметаме дека денешниот протест на превозниците е непотребен и неоснован и останува нејасно прашањето кој е мотивот за ваквото однесување на превозниците“, велат од Општина Битола.

bitola

Би можело да ве интересира

Поради свлечиште затворена обиколницата околу Битола, сообраќајот се пренасочува преку градот

Катерина Ѓуровски27/02/2026 - 08:38

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра

Горан Наумовски26/02/2026 - 10:06

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски24/02/2026 - 12:4824/02/2026 - 13:09

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он14/02/2026 - 15:1014/02/2026 - 17:01

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Горан Наумовски07/02/2026 - 16:23

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски07/02/2026 - 14:0007/02/2026 - 14:39
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто