Проширен капацитетот на пунктот за бездомни лица во Момин Поток

Од:

Пунктот за бездомни лица, лоциран во Момин Поток, доби нови простории при што е зголемен капацитетот на прифатилиштето за 16 кревети.

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и претседателот на Советот, Ирена Мишева, денеска присуствува на пуштањето во употреба на новиот контејнер што Град Скопје го набави и постави од пренаменетите средствата во износ од два милиона денари.

– Овие средства што беа предвидени за Новогодишната прослава, Градот ги намени за проширување на капацитетот на Пунктот за бездомници во Момин Поток, и сега двојно е зголемен капацитетот. Досега имаше само 16 кревети, а сега сместувачкиот капацитет на прифатилиштето е зголемен за уште 16 кревети и тој располага со вкупно 32 кревета, истакна Трајановски.

Според евиденцијата на Црвениот крст на Град Скопје, пунктот го посетуваат 170 бездомни лица, од кои дневно го посетуваат 65 бездомници и ги добиваат сите потребни услуги.

Секретарот на Црвениот крст на Скопје, Сузана Тунева-Пауновска рече дека системот којшто го спроведуваат во пунктот со користење на услугите на медицинска заштита и лекови, облека, психолошка поддршка, правна помош и други услуги се покажал како добра пракса и дека сега со зголемување на капацитетите уште повеќе се зголеми квалитетот на грижата за овие бездомни лица.

Градоначалникот Трајановски им додели благодарници на граѓани, организации и компаниии коишто со својата хуманост во текот на изминатата година се издвоиле од преостанатите хуманисти.

Добитници на благодарници се: Зорица Спасов, Алумни асоцијација, Тетекс АД, GLAZBAUNING и д-р Стојче Тоциновски.

Би можело да ве интересира

Ковид пандемијата го зголеми бројот на бездомници, поделени хуманитарни пакети во Пунктот во Момин поток

Ана Ололовска

Деца ја јадат храната која се остава на гробовите за Задушница: „Немаме што друго да јадеме“

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Бездомници се вакцинираат во Ватикан

Жарко Настоски

Експерт на ОН: Домувањето е прашање на живот или смрт во услови на пандемија

А1он

ВИДЕО: Светски ѕвезди преспаа на улица – одбележан глобалниот настан за ставање крај на бездомништвото

Кристијан Ландов

Познати личности спиеја на отворено со бездомници и читаа приказни за лека ноќ

Татјана Ташкова