Просечната плата СДСМ ја покачи на 630 евра, а во времето на ДПМНЕ беше 360 евра, вели Ковачевски

Од:

Факт е дека остваривме реален раст на платите и пензиите, затоа што ние мислиме за секого, затоа што не носиме популистички предизборни решенија туку системски решенија кои имаат ефект на долг рок, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска на трибината „Повеќе за сите“ во Кочани.

– Просечната плата СДСМ ја покачи на речиси 39.000 денари, тоа се 630 евра. Неспоредливо со времето на ДПМНЕ кога просечната плата беше 360 евра. Просечната пензија денес изнесува 20.100 денари што е за 6.400 денари повеќе во однос на 2016 година, кога на власт беше ДПМНЕ. Минималната пензија денес изнесува 13.150 денари и таа е за речиси 50% поголема од времето на ДПМНЕ. Тоа се факти. За 2 години пензиите ги покачивме за 25%, најмногу досега и пензиите ќе продолжат да растат со СДСМ. Факт е дека вративме 2,6 милијарди евра кај граѓаните и компаниите. И Факт е дека со СДСМ има „Повеќе за сите“. Со членство во ЕУ платите и пензиите ќе пораснат и за 70%, рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ направи споредба со лажните ветувањата и манипулациите на ДПМНЕ.

– Еднаш велат ќе ги покачиле пензиите за 5.000 денари, па после велат дека мислеле на рати да ги покачат по 500 денари. Така лагата за 5.000 денари поголеми пензии стана 500 денари. Тоа е познатото манипулирање и потценување на граѓаните од страна на ДПМНЕ, кое го живеевме 11 години. Нам пензионерите не ни се гласачка машина, ние пензионерите ги почитуваме, не ги манипулираме пред избори, ние им го даваме тоа што им е заслужено за пристојна старост и навреме, не пред избори. Од првиот ден откако сум премиер така функционираме, ние креираме политики за спокоен живот на нашите повозрасни сограѓани. Со последниот пакет антикризни мерки финансиски ги поддржуваме пензионерите со пониски примања и добиваат и до 15.000 денари, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на трибината „Повеќе за сите“ во Кочани.

Само со последниот, 9-ти пакет антикризни мерки, обезбедивме уште повеќе за сите на кои им е неопходна помош сега, финансиски ги поддржавме младите, учениците, студентите и се грижиме за нивната социјална сигурност порача претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски.

-Финансиска поддршка обезбедивме за средношколци и ученици од семејства со месечни примања до 50.000 денари. Во наредните 6 месеци 35.000 ученици од средно училиште месечно добиваат по 1.800 денари. Односно секој ученик до крајот на учебната година ќе добие по 10.800 денари. Учениците од основното образование, во наредните 6 месеци добиваат по 1.200 денари месечно. Со оваа мерка опфатени се 70.000 ученици кои ќе добијат по 7.200 денари до завршување на училишната година. Дури 105.000 ученици финансиски поддржуваме со овие мерки, рече Ковачевски.

Дополнително, посочи Ковачевски 15.000 студенти кои студираат на државните универзитети надвор од место на живеење добиваат ваучер за превоз од 600 денари до 1.200 денари месечно.

-Така СДСМ работи за зголемување на ученичкиот и студентскиот стандард, за основците, средношколците, студентите од ранливи семејства, се грижиме за нив и за нивната социјална сигурност, порача претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски, на денешната трибина „Повеќе за сите“ во Кочани.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: Гледаме политички пазар, без јавна дебата, за зголемување на државната управа

Горан Наумовски

Ковачевски официјално се повлекува од функцијата претседател на СДСМ

Горан Наумовски

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Ковачевски: Oва е последниот повик за Европа, ние не се откажуваме!

Горан Наумовски

Ковачевски за Ден на македонскиот јазик: Македонскиот јазик денес е на исто рамниште со официјалните јазици во ЕУ, тој е темел на нашиот идентитет

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он