СДСМ: Пропустите на автопатите ја докажаа неспоспобноста и негрижата на ВМРО-ДПМНЕ за потребите на граѓаните

Од:

„Огромните пропусти во изградбата на автопатните делници Кичево – Охрид и Миладиновци – Штип, докажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ за време на 11 годишното владеење наместо за интересите и потребите на граѓаните, единствено се грижеше за богатење на партиското раководство.

Неспособноста на раководството на ВМРО-ДПМНЕ и брзањето да се земат договорените провизии, за кои целата јавност можеше да чуе, резултираа со огромни пропусти во изградбата на автопатите кои според првичните проценки, ќе чинат повеќе од 100 милиони евра, пари на граѓаните.

Изнудените дополнителни трошоци направени заради неспособноста на претходната Влада одат на директна штета на граѓаните и чинат речиси колку и вкупните субвенции за една година за сите земјоделци во Македонија што претходната Влада ги исплаќаше со големи задоцнувања. За сметка на личното богатење, Никола Груевски и неговите соработници го осиромашија Буџетот и истовремено го нарушија угледот на Република Македонија.

Владата предводена од СДСМ активно работи на поправање на штетите предизвикани од ВМРО-ДПМНЕ, но и спроведување реформи во интерес на граѓаните кои носат добро за сите. Ќе се најде решение за пропустите што се направени во проектирањето на автопатите и проектите ќе се реализираат во интерес на граѓаните. Истовремено, ќе има и целосна ревизија на сите започнати инфраструктурни проекти, а за секоја докажана злоупотреба на парите на граѓаните ќе следува одговорност“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

За СДСМ, Законот за пушење е дефокус на власта

СДСМ: Изолацијата на Мицкоси во Давос покажа колку му слугува на Орбан

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

(ВИДЕО) Тренчевска: Без силен член 353, тендерската коалиција ВМРО-ЗНАМ сака слободно да ги дели државните пари на свои фирми

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го смени Членот 353 со кој си се амнестираше од криминалот, сега бара негови измени

(ВИДЕО) Кузеска: Владата на Мицкоски и ВМРО нема решенија ниту одговори на проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните

Горан Наумовски