Пронајдено телото на момчето кое се удави во Глажња

Од:

По тридневна потрага денеска во 12 часот пронајдено е безживотното тело на 18-годишното момче кое се удави во водите на вештачкото езеро „Глажња“ во Думановце.

Во потрагата по Јетмир Османи од скопско Љуботен вклучени беа припадниците на специјалната единица за нуркање, а на барање на семејството се вклучија и нуркачи од спортско друштво од Косово.

Увидот на полицијата се уште трае, а на местото на несреќата присутен е и јавен обвинител.

Момчето во саботата околу 14 часот влегло во езерото за да се разлади, по што исчезнал. Веднаш била повикана полиција по што започна потрагата.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип