Пронајдено телото на Дејан С. и возилото во водите на Калиманци

Од:

Попладнево околу 18 часот во водата на езерото Калиманци е пронајдено телото на 41-годишниот Дејан С. од каменичка Дулица. Ова го потврдија извори од полицијата кои информираа дека телото на починатиот Дејан е најдено во возилото, а врз телото немало знаци на насилство, а смртта настапила од давење во водата.

Екипите од МВР денеска од 11 часот претпладне трагаа по телото на сопругот и возилото на сопружниците на местото каде вчера попладне беше пронајдено телото на 31-годишната жена Тања С. Поради длабочината на овој дел од езерото која е над 10 метри, потрагата во матната вода одела тешко.

Инаку, МВР денеска информираа дека вчера во 12.10 часот во ПС во Македонска Каменица, Л.Р. телефонски пријавила дека нејзината ќерка Т.С. (31) и зетот Д.С. (41) имале брачни недоразбирања и со патничко моторно возило „Форд фиеста“ со штипски регистарски ознаки се упатиле кон Делчево. Таа слушнала врисок од ќерката и поради тоа се сомневала дека нешто се случило.

Во Здравствениот дом во Делчево синоќа била извршена обдукција на телото на жената, при што се констатирани повреди на главата, десната надлактица и долниот дел на грбот, но обдукција потврдила дека смртта настапила како последица од давење во вода.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски