Пронајдено телото на 79-годишен старец

Од:

Два дена по исчезнувањето на 79-годишниот старец Љупчо Ангелевски, неговото тело беше пронајдено во прилепското вештачко езеро од двајца рибари.

Љупчо Ангелески се водеше како исчезнат од средата вечерта. Пред неколку дена тој го напуштил домот, по што му се губи секаква трага, се до синоќа, кога неговото безживотно тело е пронајдено во вештачкото езеро.

Од неговото семејство тврдат дека тој заминал кај неговиот брат каде останал до 11 часот наутро, но откако заминал од таму му се губи трагата.

Телото е дадено на обдукција, а според првичните информации на Ангелевски му биле скршени двете нозе и имал повреда на главата.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип