Пронајдено лицето кое го управувало камионот во кој се превезуваа 28 нелегални имигранти

Од:

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден го идентификуваше и го пронајде лицето кое го управуваше камионот во кој се превезуваа 28 странски државјани кои нелегално престојуваа на територијата на Република Македонија.

По преземените мерки и активности утврдено е дека се работи за М.К(1992) од с.Едрениково, кој заедно со неговиот брат М.К.(1989) се договорориле со трето лицеза награда од 300 евра да извршат транспорт на илегалните мигранти до Куманово.

Согласно договорот, двајцата браќа пристигнале во Богданци каде што ги качиле во камионот мигрантите и потоа заминале кон Куманово.

Помалиот брат со товарното возило „ТАМ“ ги превезувал мигрантите додека постариот со патничко возило „Ауди“ се движел пред него во улога на чистач. Двајцата, заедно со кривична пријава, денеска ќе бидат изведени пред надлежен Истражен судија.

Во текот на вчерашниот ден, пред надлежен Истражен судија е изведен и Б.М.(1984) од с.Мустафино-Свети Николе, поради основано сомнение дека сторил КД„Криумчарење на мигранти“. Тој се товари дека при полициска контрола кога беше запрено неговото ПМВ„Мерцедес“ внатре биле затекнати се двајца сириски државјани без патни исправи. Од страна на Истражниот судија одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена и е спроведен во затвор „Шутка“-Скопје.

Би можело да ве интересира

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа