Пронајдено изгорено човечко тело во Љуботен

Од:

Изгорено човечко тело е откриено во запалена меѓа од ливада во скопското село Љуботен.

Како што соопшти денеска МВР, синоќа во 23:30 часот во Единицата за известување и командување Скопје пријавено било дека во село Љуботен била запалена меѓа од ливада.

– Излезено е на местото на настанот, пожарот е изгаснат, а во меѓата откриено е изгорено човечко тело, информира МВР.

На местото на настанот излегле полициска екипа од СВР Скопје, Итна медицинска помош и дежурен Јавен обвинител по чија наредба телото е предадено на обдукција. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан