Пронајдено историско писмо на славниот бигорски игумен Архимандрит Арсениј

Од:

Во Софиската народна библиотека пронајдено е писмо на игуменот Арсениј упатено до проигуменот на Зографската Света Обител на Света Гора, јеромонахот Иларион.

Како што кажува сестра Ефимија од манастирот во Рајчица, ова писмо уште посилно го потврдува духовното величие на светиот бигорски игумен, неговата сеопфатна духовничка и отечка грижа, неуморниот порив да се дејствува во полза на спасението на душите на ближните.

– По Божја промисла, деновиве, уште еден сноп светлина заблеска врз благиот и благодатен монашки лик на славниот бигорски игумен – ктитор, архимандрит Арсениј. Имено, големиот пријател и соработник на нашата Свештена Обител, Филип Филипов од Софија, по потекло од подрачјето на Река (Македонија), историчар по професија, во Софиската народна библиотека го најде писмото што за нас е особено драгоцено, нагласува сестра Ефимија.

Писмото е напишано на еден табак хартија, на четири страници. Датирано од 25 март 1834 година, односно пет години пред упокојувањето на архимандрит Арсениј, кога тој веќе бил во доста напредна возраст. Јазикот на кој е составено е црковнословенски, со изразени примеси на месниот народен говор, во кој се среќаваат и говорни турцизми.

Би можело да ве интересира

Нов портпарол на Синодот ќе биде епископот Хераклејски г. Климент

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје

Во петок литија низ Скопје со икона на Богородица трирачица, подарок од Хиландар за МПЦ

Предраг Петровиќ

МПЦ-ОА повика на масновност на изборите